X
 03.05.2019 Економија

Медијаната на платата во „Тесла“ е 81% повисока од медијаната на платата на Американците

Во компанијата на Илон Маск медијаната на платата во 2018 година била 56.163 долари. Во таа сума се вклучени платата или надоместокот, бонусите и наградите за вработените на цело или половина работно време, како и за привремено вработените, не вклучувајќи го Маск, соопштија од компанијата.

Медијаната на платата во „Тесла“ е 81 отсто повисока од медијаната на платата на Американците. Во 2016 година, последната година за која има достапни податоци, медијаната на платата на Американците била 31.099 долари.

Медијаната на платата во „Тесла“ заостанува зад некои конкуренти во автомобилската индустрија, како „Форд“ и „Џенерал моторс“, како и зад големите технолошки компании како „Алфабет“ и „Фејсбук“, иако ја надминува онаа на други автомобилски и технолошки гиганти како „Епл“.

Еве колкава била медијаната на платата во некои американски автомобилски и технолошки компании во 2018 година:

-„Фиат крајслер“: 37.504 долари

-„Форд“: 64.316 долари

-„Џенерал моторс“: 77.849 долари

-„Алфабет“: 246.804

-„Епл“: 55.426 долари

-„Фејсбук“: 228.651 долар.

„Тесла“ има околу 42.740 вработени.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија