X
 14.10.2023 Живот

Оваа професија е најплатена во Австрија

Австриската агенција за вработување „Степстоун“ објави податоци за платите во земјата.

Според нивните сознанија, најмногу се заработува во Виена. Зад Виена се регионите Форарлберг и Слацбург.

Разликата меѓу просечната плата на мажите и жените е околу 6.000 евра годишно, додека просечната плата на сите граѓани на Австрија е 50.633 евра годишно.

Најплатена гранка е фармацевтската индустрија, каде што просечните плати достигнуваат 66.547 евра годишно, а веднаш зад оваа индустрија се нафтената индустрија и банките.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот