X
 03.05.2020 Здравје

Оздравени 95 пациенти, новозаболени само 5

Вкупно 95 оздравени пациенти од Ковид-19 се регистрирани денеска на Институтот за јавно здравје, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се 5 нови случаи и тоа двајца во Скопје и по еден во Куманово, Прилеп и во Тетово. Досега во земјата се направени вкупно 17.246 тестирања на коронавирус.

Ова се оздравените, по градови:

- Скопје - 32
- Куманово - 38
- Прилеп - 16
- Тетово - 2
- Велес - 7

Во однос на оздравените пациенти од вчера направена е исправка, 2 лица кои се испишани од Инфективната клиника во Скопје од Прилеп и Струга сѐ уште се позитивни на вирусот, но во добра општа состојба се пуштени на домашно лекување.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.511, бројката на оздравени пациенти е 945, на починати е 84, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 482.

Во ГОБ „8 Септември“ починал пациент од Куманово на возраст од 94 години, хоспитализиран на 28 април. Денеска Институтот регистрирал и пациентка од Струга на возраст од 69 години, која починала на 29 април на пат кон болницата во Охрид. Од страна на ЦЈЗ Охрид е земен постпортем брис кој покажал присуство на вирусот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје