X
 03.06.2020 Живот

Нови прашања што може да ги очекувате на интервју за работа

„Новото нормално секојдневие“ стана фраза што постојано се користи овие денови. Едно е сигурно: професионалниот свет нема да биде ист по пандемијата.

Компаниите во сите индустрии се обидуваат да се адаптираат на новите правила и мерки и го менуваат начинот на функционирање. Може да се промени и начинот на вработување нови лица. За почеток, интервјуата за работа почесто ќе бидат спроведувани онлајн отколку во живо. Ќе има новости и на полето на прашањата за време на интервјуата. Следниве може да бидат дел од вашето следно интервју, па можеби е добро да се подготвите со време.

Дали би можеле да работите од дома?

Пред пандемијата некои луѓе не знаеја како е да се работи од дома, но тоа се менува. Во блиската иднина сите компании што можат ќе ги испраќаат работниците дома. Дури и кога враќањето во канцеларија ќе биде безбедно, некои компании веројатно ќе продолжат да им овозможуваат на вработените да работат од дома. Затоа, на интервјуто за работа веројатно ќе има прашање и за можноста за работа од дома.


Фото: Pixabay

Како се мотивирате кога работите сами?

Кога сте нови на работното место, свесни сте за многу работи што ги правите. Со вашите реакции и завршени задачи сакате да го импресионирате работодавецот и да му покажете дека сте биле вистинскиот избор. Ова може да биде потешко кога целата комуникација е виртуелна. Затоа, треба да подготвите конкретни примери за мотивација кога работите самостојно бидејќи работодавецот може да ве праша за тоа.

Може ли да објасните како работите од дома?

Ова прашање можеби е непријатно, но со него работодавецот можеби ќе сака да разбере како работите во својот дом. Дали живеете со многу невработени лица или сакате да правите многу паузи за кафе? Дали имате добар интернет? Најважно во ова прашање е да одговорите дека може да ви се верува и дека работодавците нема да имаат потреба да ве проверуваат, туку ќе работите самостојно.

Како се справувате со стресот поврзан со Ковид-19?

Работодавците се луѓе и тие се соочуваат со истата ситуација периодов. Но во професионалниот свет, потребно е да бидете способни да ги елиминирате пречките како стресот за да се посветите на работата. Работодавецот сака да види вработен кој користи логика кога се соочува со стресна ситуација.


Фото: Pixabay

Какви се вашите технолошки вештини?

Индустриите стануваат дигитализирани, но многу компании треба уште да напредуваат. Сепак, денес од многу вработени се очекува да бидат способни за користење компјутер и интернет-алатки. Времето дома треба да ви помогне во дигиталната трансформација. На следното интервју можеби ќе треба да зборувате на оваа тема.

Како го поминувавте времето во изолација?

Ова прашање веројатно ќе биде за оние што биле невработени, а не за оние што преминуваат од едно работно место на друго. Начинот на кој ќе одговорите ќе покаже дали сте биле продуктивни и сте работеле на вашето подобрување, без разлика дали сте завршиле само некој онлајн-курс или сте направиле нешто повеќе.

Автор: Линдзи Тајгер
Извор: theladders.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот