X
 03.06.2023 Живот

Клучни фактори за одржување здрав и остар мозок

Мозокот е прилично комплексен орган. Околу 100 милијарди нервни клетки работат заедно за побрзо да размислуваме.

Но, исто како и остатокот од телото, вашиот мозок нема да биде толку енергичен кога ќе остарите. Можеби ќе сфатите дека треба да ги запишувате работите или ќе заборавате состаноци или нема да можете целосно да го следите разговорот или она што се случува на телевизија без да се напрегате.

За среќа, можете да го вежбате и вашиот мозок.

- Клучот на нашиот нервен систем се сивата и белата материја - вели Хермундур Зигмундсон, професор на Катедрата за психологија на Норвешкиот универзитет за наука и технологија.

Грубо кажано, сивата материја се состои од нервни клетки и дендрити, додека белата маса ги обезбедува контактите помеѓу клетките и придонесува за брзината на преносот и дистрибуцијата на сигналите.

Три фактори придонесуваат за добро здравје на мозокот


Едно неодамнешно истражување во списанието „Брејн сајенсес“ покажува голем дел од она што го знаеме од претходните истражувања во областа на здравјето на мозокот.

- Три фактори се издвојуваат ако сакате да го одржите вашиот мозок на најдобар можен начин - вели Зигмундсон.

Овие фактори се:

- Физички вежби;
- Дружење со други луѓе;
- Имање силни интереси. Учење нови работи и влегување во нови предизвици.

1. Движење

Ова е најголемиот предизвик за многумина од нас. Вашето тело станува мрзливо ако премногу седите. За жал, истото важи и за мозокот.

- Активниот начин на живот помага да се развие централниот нервен систем и да се спротивстави на стареењето на мозокот - вели Зигмундсон.

Ако имате седентарна работа, треба да се активирате, вклучително и физички.

2. Дружење и врски


Некои од нас се најсреќни сами или со само неколку луѓе.
- Односите со другите луѓе и интеракцијата со нив придонесуваат за многу сложени биолошки фактори кои можат да го спречат забавувањето на мозокот - вели Зигмундсон.

3. Страст кон нешто


Оваа последна точка е поврзана со вашата личност.

- Страста или силниот интерес за нешто може да биде одлучувачки, движечки фактор што нè наведува да научиме нови работи. Со текот на времето, ова влијае врз развојот и одржувањето на нашите невронски мрежи - вели Зигмундсон.

Извор: Thebrightside.news
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот