X
 10.09.2017 Живот

Пет лекции од претприемаштво со кои ќе го научите вашето дете да бележи успеси

Издвојуваме 5 лекции од претприемаштвото преку кои, иако не сте претприемач, ќе им помогнете на своите деца да остварат успех во животот:

1. Потенцијалот нема ограничување

Што и да сака детето, на пример, подобри оценки на училиште или поголем број следбеници на друштвените мрежи, не постојат ограничувања кои можат да го спречат тоа и да го оствари ако е доволно истрајно и упорно. Ова е лекција што се учи од мали нозе. Големите визии и амбиции ќе го мотивираат детето, а вие уште од мало учете го дека секогаш може да постигне нешто ако тоа навистина го сака.

2. Неуспесите се во ред

Ако го учите детето дека е сосема природно и нормално некогаш во животот да доживее падови и неуспеси, тоа ќе му помогне подобро да работи, покажува една студија на француски научници. Неуспехот е составен дел од претприемаштвото бидејќи е неопходен за да се дојде до целта. Затоа објаснете му на детето дека ова е само една животна лекција низ која сите поминуваме.

3. Негувањето на идејата е најважно

Претприемаштвото е базирано на идеи. Пред да започнете свој бизнис потребна ви е идеја, а потоа и мноштво од нив кога ќе сакате да ја зацврстите сликата за компанијата и да создадете нови партнерства и приход. Важно е да покажете интерес за идеите на вашето дете и да ги поддржите. Помогнете му да се чувствува пријатно додека создава нешто ново и зголемете му ја самодовербата.

4. Животот не може да се предвиди

Претприемачот кој започнува свој бизнис ќе го направи тоа со идеален план и остварливи идеи, но тоа не значи дека нема да се сретне со нови предизвици и проблеми на патот. Ако му објасните на детето дека не може сè да се предвиди, ќе му помогнете да се опушти и да се ослободи од стресот и од непотребното нервирање, што е многу важно за бележење успеси.

5. Исправноста на одлуките ќе ја открие времето

Некогаш одлуките се едноставни, но неретко можат да предизвикаат и главоболки. Важно е на детето да му помогнете да ја сфати разликата помеѓу инстинктот и објективните информации и да го научите да го направи најдобриот избор.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот