X
 01.10.2018 Живот

Синиша Ковачевиќ: „Кога недостига срамот, тука е крајот“

Драмскиот писател Синиша Ковачевиќ одговарал на прашањето за тоа како би го нарекле времето во кое живееме, ако својот роман, во кој ги опишал ужасите на Првата светска војна, би го нарекол „Години на чавката“.

- Не знам, би морал да размислам. Проблемот со насловот не е лесен да се реши. Некогаш насловот се појавува како благослов и пред да почнете да пишувате, а некогаш се мачите и откако ќе го завршите делото. Ова е време на лошите. Ова е време на недобронамерните, време на оние без заклетва. Ова е време на оние на кои заклетвата не им е ни кога раката им е на детското чело ниту на религиска книга. Најпрво би го дефинирал како време без срам. Кога ќе престане срамот, престанува сѐ, без разлика дали е индивидуален или колективен. Пропаѓањето започнува кога исчезнуваат руменилото на образите и потта на рацете и кога сѐ е дозволено и сѐ се може. И кога, без никаква почит кон фактот дека некој напорно и тешко учел, студирал и со ноќи бдеел за да дојде до академска диплома или титула на доктор, луѓето одат да купат диплома во период од едно попладне. И на новинарското прашање кој факултет сте го завршиле, велите: - Имам диплома, ама не знам. Така што, кога недостига срамот, тука е крајот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот