X
 03.07.2020 Живот

Во центарот на Сиднеј отсега ќе се користи само обновлива енергија

Во центарот на Синдеј, Австралија, од оваа недела ќе се користат само обновливи извори на енергија. Регионот ќе ги намали емисиите на јаглероден диоксид за околу 20.000 тони годишно со тоа што ќе користи само енергија од ветерници и соларни панели. Со ова ќе се заштедуваат околу 500.000 австралиски долари годишно во следната деценија.


Фото: Сиднеј/Pixabay

Во централното подрачје на Сиднеј има бизнис-дел, но и многу станбени згради. Во него живеат околу 250.000 жители кои отсега ќе користат енергија добиена од обновливи извори. Сите градби и целата инфраструктура во овој дел од Сиднеј ќе работат со обновлива енергија.

Се очекува промената да создаде нови работни места. Целта на овој дел од Сиднеј е да ги намали емисиите на јаглероден диоксид за 70% до 2030, а може да се постигне и порано, односно во 2024 благодарение на мерката за користење обновлива енергија.


Фото: Сиднеј/Pixabay

Речиси три четвртини од потребната енергија ќе бидат добиени од ветерници, додека остатокот ќе се произведува со сончеви панели. Изворите на оваа енергија доаѓаат од повеќе различни места во Нов Јужен Велс.

Автор: Март де Фере
Извор: euronews.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот