X
 03.08.2023 Живот

Како изгледаат работните денови на Ворен Бафет и на Бил Гејтс?

Многумина би сакале да знаат како изгледаат календарите со активности на најмоќните бизнисмени во светот.

Пред неколку години милијардерите Ворен Бафет и Бил Гејтс гостувале во емисија на „Блумберг“ и дел од разговорот бил посветен токму на календарите и обврските на двајцата бизнисмени. Гејтс се потсетил на денот кога го видел малиот полупразен календар на Бафет. Тоа била драгоцена лекција дека треба да се цени сопственото време.

Претходно, Гејтс бил уверен дека неговите денови треба да бидат што поисполнети за времето да биде максимално искористено. Меѓутоа, Бафет го убедил дека мора да научи да каже „не“ на многу обврски и луѓе за да има што повеќе слободно време.

Во интервјуто, Бафет го покажал својот календар и рекол дека го почитува истиот метод што му го препорачал на Гејтс. Интервјуто може да го погледнете во видеото во продолжение.


Извор: Bonitet
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот