X
 08.10.2022 Живот

Совети што им ги дал Ворен Бафет на студентите

Пред повеќе од 20 години Ворен Бафет, предавач на Бизнис-школата при Универзитетот во Флорида, на студентите им давал животни лекции за среќата, кариерата, финансиите и односите. Меѓу другото, тој ги советувал студентите да работат нешто во кое уживаат и им дал добри совети за создавање професионален однос со луѓето што им се допаѓаат.

- Работам само со луѓе што ми се допаѓаат. Кога би можел да заработам 100 милиони долари со некој од кој ми се превртува желудникот, би рекол не - им кажал Бафет на студентите.

Работата може да биде напорна и полна со токсични личности, но најдобрите компании се места на кои луѓето сакаат да доаѓаат на работа бидејќи културата е позитивна и инспиративна. Кога соработниците и лидерите ги делат истите вредности, секој работник е на позиција да дава и да прима, а тоа доведува до успешна компанија.

Еден од неговите најпознати совети е да го работиме она што го сакаме.

- Ве повикувам да се посветите на работи што ги сакате. Луди сте ако продолжите да работите работи што не ви се допаѓаат бидејќи мислите дека тоа добро ќе изгледа во вашата биографија - изјавил Бафет.

Луѓето што го работат она што го сакаат се повеќе отворени за можности и нови искуства, подготвени се да прифатат предизвици и да ризикуваат, а кога нема да успеат, многу се поотпорни и поспособни да заздрават по неуспехот. Љубовта кон работата, исто така, ја зголемува мотивацијата за вложување повеќе време во работата.

Извор: Studomat
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот