X
 03.10.2018 Наука

Доделени нобеловите награди за физика и за медицина

Нобеловата награда за физика ја добија Артур Ашкин, Жерар Муру и Дона Стрикланд. Тројцата научници ја добија наградата за постигнувања во подрачјето на ласерската физика. Д-р Ашкин, кој со 96 години стана најстариот нобеловец во историјата, развил ласерска техника што се опишува како оптичка пинцета со чија помош се проучуваат биолошките системи.

Дона Стрикланд е третата жена во историјата што доби Нобелова награда во областа на физиката. Со Муру развила начин за генерирање на краткотрајни, но многу интензивни ласерски пулсирања. Тие тројцата ќе добијат награда од 9 милиони куни (околу 860.000 евра), притоа Ашкин ќе добие половина износ, а другите двајца ќе добијат по четвртина.


Нобелова награда за медицина

Завчера беше доделена Нобеловата награда за медицина - ја добија американскиот имунолог Џејмс П. Алисон од Универзитетот во Тексас и неговиот јапонски колега Тасуку Хонџо од Јапонскиот универзитет во Кјото за нивните откритија во терапијата против рак.

- Алисон и Хонџо покажаа колку различни стратегии за спречување на недостатоците на имунолошкиот систем можат да бидат употребени во третманот на ракот - објави Нобеловиот комитет на шведскиот Институт „Каролинска“.

Наградите за физика, хемија и мир исто така ќе бидат прогласени оваа недела. Наградата за литература оваа година нема да биде доделена поради скандал со сексуална злоупотреба во одборот што ја доделува наградата. Нобеловата меморијална награда за економски науки ќе биде прогласена в понеделник, 8 октомври.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука