Дали би ги јаделе, па дури и препознале овие видови храна во своите оригинални форми? Генетички модифицираната храна е честа тема на дебатите во изминатиот период. Некои не сакаат ништо што е поврзано со неа, додека, пак, други целосно ја поддржуваат. Сепак, голем дел од некои видови овошја и зеленчук во денешно време се непрепознатливи. Ова се неколку од нив:
1. Моркови
Првите моркови биле одгледувани во 10 век во Азија и Персија, а потоа производот бил раширен насекаде низ светот. Во Европа биле откриени семиња стари 5.000 години. Оригиналниот изглед на морковите бил поинаков, биле мали и бели, а старите култури го користеле морковот како медицинско растение. Сега е трансформиран во портокалов, сладок производ.
2. Модри патлиџани
Почнале да се одгледуваат во Индија и Бурма. Се смета дека името потекнува од времето на британската окупација на Индија, каде што растенијата биле бели и во облик на јајце („eggplant“). Описите за овој производ се различни, од сина и различни други нијанси, до растение со боцки.
3. Банани
Прво се одгледувале во Папуа Нова Гвинеја уште пред 7.000 до 10.000 години. Сега, најмногу ги има во Азија. Оригиналната банана немала баш сладок вкус, односно не била вкусна кога се јадела свежа и имала многу семки, но со промените во одгледувањето станала она што е денес.
4. Домати
Постојат видови домати од кои произлегле другите домати. Денешните мали домати се одгледуваат најмногу на северот на Перу и Јужен Еквадор. Кај денешните домати има само 5% генска варијација. Мешањето на модерните типови со раните, подиви видови домати довело до производ поотпорен на болести.
5. Лубеници
Историчарите сметаат дека лубениците првично се одгледувале во Африка, па се прошириле кон Медитеранот, а потоа почнале да се одгледуваат и во Европа. Сепак, се заклучило и дека најраниот предок на лубениците бил одгледуван во Египет пред 4.000 години. Тој производ бил тврд, горчлив и зелен, многу различен од денешниот изглед и сладок вкус на лубеницата. Експертите веруваат дека лубеницата се одгледува во Египет поради водата што ја содржи, а не за консумација.
6. Пченка
Пченката е еден од првите производи што се одгледувале уште пред околу 10.000 години, во регионот на сегашно Мексико. Пченките прво биле многу мали, а предокот на сегашната пченка е тревно растение наречено „теосинте“.
7. Праски
Фосили од праски биле откриени во Кина, а биле стари 2,5 милиони години. Тогашните праски биле многу помали од денешните и повеќе личеле на цреши. Потребни биле околу 3.000 години за праската да ја добие денешната форма. Тие се важен дел во кинеската култура, каде што се сметаат за симбол за долг живот.
8. Авокадо
Авокадото биле праисториско јадење на цицачите пред 65,5 милиони години. Оригиналното авокадо имало многу помалку месо од денешното и поголема семка, па луѓето со текот на времето му ја дале денешната форма.
9. Папаја
Потекнува од Латинска Америка, каде што има тропска клима. Дивата папаја била заоблена и имала големина на слива. Древните Маи се првите што одгледувале папаја пред околу 4.000 години. Одгледувањето е комплициран процес бидејќи одгледувачот не знае кои семиња ќе вродат со плод до моментот на нивното растење.
10. Тиква
Се смета дека потекнува од Америка. Оригиналните
видови имале горчлив вкус, биле многу помали, а и биле отровни ако се јадат свежи. Само големите видови праисториски цицачи можеле да ги јадат, па овие суштества биле одговорни за распространувањето на семињата. Со текот на времето луѓето почнале да ги одгледувале и ги довеле до денешната форма, па сега се користи и месото од тиквата, како и нејзините семки.