X
 04.03.2016 Живот

Емоционалната интелигенција може да го подобри вашиот живот

Емоционалната интелигенција (EQ) е нешто во секој од нас кое влијае врз тоа како го контролираме однесувањето , како управуваме со социјалната комплексност и како донесуваме лични одлуки со кои постигнуваме позитивни резултати.

Емоционалната интелигенција е вашата спсообност да ги препознаете и разберете емоциите во себе и во другите, и вашата способност да ја искористите вашата свест за управување со вашето однесување и односи.

Емоционалната интелигенција може да ја подобри вашата кариера

Децении истражување покажуваат дека емоционалната интелигенција е критичен фактор со кој луѓето се издвојуват од останатите. Ова е моќен начин да се фокусирате на вашата енергија во еден првец со огромен резултат. „TalentSmart“ ја тестирал емоционалната интелигенција покрај другите 33 важни вештини на работното место и открил дека емоционалната интелигенција е најсилниот показател на ефикасност, објаснувајќи 58% од успехот во сите видови работни места.

Се разбира, луѓето со висок степен на емоционална интелигенција заработуваат повеќе пари. Поврзаноста помеѓу емоционалната интелигенција и приходите е толку директна што на секој поен за зголемување на емоционалната интелигенција се додаваат 1.300 долари на годишната плата. Овие наоди се точни за луѓето во сите индустрии, на сите нивоа, во секој регион од светот.

Емоционалната интелигенција може да ви го спаси животот


Кога ги потиснувате чувствата, за брзо време станувате напнати, чувствувате стрес и анксиозност. Неприкажаните емоции го напааат умот и телото. Вашите вештини за емоционална интелигенција ви помагаат да управувате со стресот и да се справите со тешки ситуации.

Луѓето кои не успеваат да ги искористат своите вештини за емоционална интелигенција не можат правилно да управуваат со своето расположение. Кај нив два пати е поголем ризикот да доживеат анксиозност, депресија, злоупотреба на супстанции, па дури и да доживеат мисли за самоубиство.

Голем број на истражувања ги поврзуваат емоционалната интелигенција и подложноста кон болести. Стресот, анксиозноста и депресијата го потиснуваат имунолошкиот систем, и со тоа човек станува ранлив кон се` - од настинка до рак. Силата на вашиот имунолошки систем е поврзан со вашата емоционална состојба преку неуропептидите: коплексни хемикалии кои дејствуваат како амбасадори помеѓу умот и телото. Кога вашиот ум е препрлавен со тензија или опасност, тој му сигнализира на телото да ја намали енергијата насочена кон борба против болеста.

Истражувањата дури и покажуваат поврзаност помеѓу емоционалната болка и тешките форми на болест како што е ракот. Едно од првите истражувања го мери нивото на стрес кај жените во текот на 24 години. Истражувачите го следеле степенот до кој жените искусувале напнатост, страв, вознемиреност и нарушување на спиењето. Се открило дека сите форми на емоционална болка произлегуваат од нерешени конфликти и емоции. Жените кои имале повисоко ниво на стрес во текот на 24 годишниот период имале два пати поголеми шанси да развијат рак на дојка.

Вештините за емоционална интелигенција исто така може да го научат телото побрзо да закрепни од болести. Луѓето кои ја развиваат емоционалната енергија побрзо се опоравуваат од различни болести.

Истражувачите од Државниот универзитет во Охајо проучувале 227 жени дијагностицирани со рак на дојка и виделе неверојатни ефекти како учењето а емоционална интелигенција им помага во опоравувањето. Жените на кои случајно им бил доделен третманот, го намалиле нивото на стрес, имале подобра исхрана и изградиле посилен имунолошки систем.

Емоционалната интелигенција има силно влијание врз резултатите поврзани со здравјето бидејќи ја намалува перцепцијата на стрес, а вештините ја зајакнуваат способноста на мозокот да се соочи со емоционална болка. Со ова се задржува отпорноста на имунолошкиот систем и со тоа човекот се штити од болести. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот