X
 04.03.2020 Технологија

Ова овошје е решение за еден од најголемите технолошки проблеми?

Бодликавото овошје дуријан не е толку познато надвор од Азија, веројатно затоа што мирисот на плодот на растението се опишува како мирис на труп што се распаѓа. Но, голем број луѓе го јадат во големи количини бидејќи неговиот комплексен вкус е прилично различен од мирисот.

Наскоро ова растение би можело да стане многу познато во светот со оглед на тоа што научниците откриле потенцијално важна можност за негова секојдневна употреба - брзо полнење на батериите на нашите електрични уреди, а можеби дури и автомобили на електричен погон.

Причината за ова е начинот на кој природата го „дизајнирала“ ова овошје. Научниците откриле дека кога се создава биолошки отпад од ова растение, тој има способност да зачува големо количество енергија.

Научниците тврдат дека структурната прецизност на природната биомаса со хиерархиски распоредени пори, кои настанале во текот на милион години биолошка еволуција, претставува неверојатен ресурс за натамошно производство на материјали базирани на јаглерод. Оваа биомаса опфаќа големи површини на земјата, а добрата спроводливост на нејзините слоеви овозможува да се случат електрохемиски реакции (јонска дифузија и проток на напон со голема густина).

Инаку, идејата дека природата е таа што може да ни понуди решенија за некои од најчестите современи технолошки проблеми не е нова.

Речиси сите на училиште имавме можност да спроведеме поедноставни експерименти, како што е употреба на обични компири наместо батерии, па ова решение во иднина би можело да ни донесе поиздржливи, подолготрајни батерии што побрзо се полнат.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија