Биткоинот е криптовалута чие потекло е мистерија, а и сегашните околности никој не може да ги предвиди. Оваа валута е онлајн и не е поврзана со ниту една централна банка. Верифицирана е од индивидуи и пристап имаат сите. Креирана е во 2009 година од Сатоши Накамото, човек од Јапонија со име често како и Џон Смит во Америка.
Неколку години биткоинот беше стабилен, но од јануари минатата година почна да бележи пад. Бидејќи не е поврзан со банка, биткоинот не е регулиран, а сопствениците остануваат анонимни. Луѓето можат да купуваат биткоини преку онлајн-размени на веб-страници како „Coinbase“, „Bitstamp“ и „Bitfinex“.
Лице може да додели биткоини како подарок или да ги користи за да плати долг. Некои мали бизниси ги прифаќаат бидејќи се избегнуваат трошоците при процесирањето кога се плаќа преку кредитна картичка. Во светот може да има само 21 милион биткоини, а досега околу 12 милиони се ископани. Се очекува преостанатите 9 милиони да бидат ископани до 2140 година.
Илјадници „рудари“ низ светот се натпреваруваат во ископување на која било биткоин-трансакција. На секои 10 минути, „рудар“ заработува биткоини како награда за верификација. Мрежата ја бележи секоја биткоин-трансакција. Тоа следење се комплетира во еден блок на трансакции. Блоковите потоа се внесуваат во јавно следење по хронолошки редослед, што е познато како „блокчејн“.
Не е потребно да имате напредно знаење за компјутери за да ископувате биткоини, треба само да отворите извор, основен софтвер како „GUI miner“. Што се однесува до хардвер, потребна ви е матична плоча, некои графички чипови за процесирање и вентилатор.
Ископувањето биткоини се смета за паметен бизнис-модел бидејќи не се потребни вработени лица, туку само мала инвестиција.
Фото: Coindesk
Но денес, со зголемениот интерес и проблемите со математиката што растат, тимовите со поголема компјутерска моќ почнаа да доминираат во оваа активност, така што дојде до точка кога рудничките центри за биткоините станаа мнозинство во мрежата. Ова се места низ целиот свет каде што рударството се одвива на големи размери, обично кога енергијата е евтина или бесплатна.
Одредени области на Кина имаат многу такви центри поради бесплатната хидроелектрична моќ. Но земјата се обидува да го ограничи ваквото рударство зашто може да испраќа операции на друго место. Канада е една можна локација. Во Исланд, на пример, каде што ископувањето биткоини прерасна во сензација, се предлага да се отвори центар за нивно ископување, но властите предупредуваат дека тие операции би користеле многу повеќе електрична енергија отколку што е потребна за сите домови во земјата. „Ако овие проекти се реализираат, нема да имаме доволно енергија за нив“, вели Џонан Снори Сигурберсгон, портпарол на исландската енергетска фирма „ХС Орка“.
Фото: Getty Images
Енергијата е евтина во Исланд бидејќи главно се добива од обновливи извори како што е ветерот. Малата популација на островот, кој брои 340.000 луѓе, годишно користи околу 700 гигават-часа енергија. Се очекува предложените биткоин-центри да трошат 840 гигават-часа електрична енергија годишно.
Бидејќи се трошат огромни количини на енергија, еколошките експерти сметаат дека практиката е крајно непотребна. Ваквото рударство е паметен бизнис-модел бидејќи не бара персонал. Покрај тоа, даноците за рударските операции се ниски, иако тоа може да се промени бидејќи политичарите во Исланд се свесни за проблемите околу рударството.
Како што вели Смари Мекарти, исландски член на парламентот, „трошиме десетици или стотици мегавати за производство на нешто што нема материјално постоење и нема вистинска употреба за луѓето надвор од сферата на финансиските шпекулации. Тоа не може да е добро“.
Еден извештај покажа дека целата рударска
криптовалентност што се случува низ светот може да ја напои Ирска една година, меѓутоа, овие бројки можеби не се точни. Како резултат на загриженоста околу употребата на електричната енергија и недостигот на контрола врз биткоинот, некои земји, како Јужна Кореја, размислуваат за воведување систем преку кој ќе се лиценцираат и ќе се регулираат биткоин-трансакциите.