X
 04.04.2017 Живот

Зошто е важно да имаме урбани градини?

Со оглед на фактот дека живееме во време кога се се одвива брзо и сме под постојан стрес, на луѓето им е потребна оаза на мирот, а урбаните градини се идеално решение.

Урбаната градина може да биде ваше место за опуштање, каде што ќе поминувате време на отворено, а и ќе си имате ваш свеж зеленчук. Можете да одгледувате и овошје како на пример, јагоди, потоа зачини и лековити билки, па и цвеќе.

Во светот урбаните градини често се применуваат, а предност се разбира имаат оние кои живеат во куќа со сопствен двор. Сепак, урбаната градина може да биде и на балкон или пак само на одреден простор покрај прозорите. Дури, можете и да одгледувате растенија на кои не им е потребна многу светлина, а такви ги има многу.

Не е потребно многу работа за да се направи сопствена оаза. Зеленлукот може да се одгледува на даски кои може да ги направите со рамки или без. Цигли и камен се одличен избор за рамки, а гредите би требало да бидат широки најмногу 120 центиметри за на билките да може да им се пријде од двете страни. Висината пак, треба да биде најмалку 15 центиметри. На дното на гредата се поставува картон или слој хартија и добро се залива со вода. Картонот или хартијата ќе го спречи растот на плевелот. На картонот може да се стават и ситни гранчиња, слој слама или паднати лисја. На тоа се става слој земја, а може да се додаде и ѓубриво. По 10 дена, може да се засадат првите билки.

Гредите се лесни за одржување, нема потреба од механизација и тепка физичка работа, а билките треба редовно да се наводнуваат.

Се советува да се даде предност на старите и еко сорти на билки и зеленчуци кои се повеќе отпорни на болести, а се и вкусни. Од билки се советува да се засадуваат невен, босилек, камилица, нане, коприва и слично, бидејќи со нив можете да го заштитите вашиот зеленчук од појава на болести и напад на штеточини.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот