X
 04.04.2023 Живот

Средношколци од „Орце Николов“ собираат 30.000 денари за да ги претвораат саѓите во мастило за печатење

Пет ученици од скопската гимназија „Орце Николов“ собираат 30.000 денари за да формираат ученичка компанија која саѓите на веќе постојните оџаци и филтри ќе ги употребува за производство и продажба на мастило за печатење.

Тие се еден од петте победнички тима од UPSHIFT програмата на кои им е потребна поддршка за постигнување на нивната цел.

- Нашите ученици веќе го започнаа процесот на прочистување на саѓите и добивање на мастило кое треба хемиски да се тестира. Во моментот потребни им се 30 000 ден. за да го продолжат процесот и да набават материјали за производство и пакување на мастилото - соопштија од гимназијата.

Досега се собрани помалку од 3.000 денари, а доколку сакате да донирате, тоа можете да го направите ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот