X
 04.07.2019 Живот

Мисијата на Роберт Дауни Џуниор - да ја исчисти планетата за 10 години

Сигурно дека суперхерој на „Марвел“ може да ја спаси нашата планета од еколошка криза, но овој пат актерот Роберт Дауни Џуниор, алтер егото на Ајронмен, доаѓа да ја спаси планетата, ветувајќи дека ќе ја исчисти за една деценија. Најдобриот дел е што планира да користи алатка земена директно од научнофантастичните филмови.

Ако ги сакате филмовите на „Марвел“, тогаш знаете дека ликот на Роберт Дауни Џуниор, Тони Старк, е посветен на спасување на светот користејќи напредна технологија. А сега се чини дека актерот го следи примерот на Ајронмен. Тој најави дека од 2020 година ќе лансира организација наречена „Коалиција на стапалки“. Неговиот план? Да ја исчисти целата планета во период од 10 години со употреба на вештачката интелигенција.

robert
Фото: Instagram

Актерот го најави својот план на неговиот говор на конференцијата „Амазон Ре: Марс“, состанок што се осврна на предностите на напредната роботика и машините, особено оние на вештачката интелигенција. Актерот не сподели многу детали за проектот, но јасно стави до знаење дека вештачката интелигенција може да биде од корист за луѓето доколку се користат за добро.

- Со роботиката и нанотехнологијата можеме значително да ја исчистиме планетата, ако не и целосно, во период од 10 години - рече актерот. Тој исто така го откри своето восхитување за научниците и истражувачите што стојат зад проектот.

Тој дури и презеде вина за состојбата на планетата. Сè што треба да направиме е да почекаме до април 2020 година за да видиме каков ќе биде целиот проект. Во меѓувреме, можете да ја посетите неговата веб-страница, која на луѓето им дава можност да го следат проектот и редовно да добиваат новости.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот