X
 04.07.2019 Наука

Овој јуни беше најтоплиот откако се мери температурата на Земјава

Податоците од сервисот за климатски промени „Коперникус“, официјална агенција на Европската Унија, покажуваат дека просечните температури за јуни 2019 година во Европа беа 2 степена над нормалната вредност, а тој месец беше најтоплиот откако се мери температурата на Земјава.

Иако не траеше подолго од топлотниот бран што го обележа минатото лето, овој краток топлотен бран предизвикан од жешкиот воздух од Сахара беше многу интензивен. Пет дена со исклучително високи температури постигнаа температурни рекорди, особено на истокот од Европа. Така, јуни 2019 година беше за еден степен потопол од досегашниот рекорден јуни 1999 година.

1
Фото: Copernicus Climate Change Service

Податоците покажуваат дека и глобалниот просек е за 0,1 степен повисок од досегашниот рекорд.

1
Фото:Copernicus Climate Change Service
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука