X
 29.03.2021 Наука

Вселената и не е толку тивко место: НАСА објави три нови вселенски симфонии

НАСА објави нов сет на ѕвездени симфонии добиени од податоци од вселенскиот телескоп „Чандра“ и од други телескопи. Како што велат од НАСА, станува збор за сонификација на податоците добиени со набљудување на вселената од овие телескопи, така што корисниците можат и да ги слушнат, а не само да ги гледаат.

Во првото аудио и видео станува збор за најдлабокото набљудување на универзумот со помош на телескопот „Чандра“ во траење од седум милиони секунди. Со оглед на тоа дека „Чандра“ снимила дел од универзумот од јужната хемисфера на Земјата, астрономите го нарекуваат овој регион „Длабокото поле на југот на Чандра“.

На прв поглед се чини како да набљудуваме далечни ѕвезди, но тие всушност се галаксии и црни дупки. Повеќето од овие видливи црни дупки се всушност супермасивни црни дупки лоцирани во центрите на галаксиите.

Во текот на звукот на овие податоци, боите ги диктираат тоновите, бидејќи репродукцијата на звукот се движи од долниот дел на сликата нагоре. Боите што се на крајот од спектарот претставуваат подлабоки тонови, додека боите што се поблиску до виолетовата се повисоки. Светлината што изгледа особено бела на сликата се слуша како статичен шум.



Звукот на маглината „Мачкино Око“

Кога ѕвезда како нашето Сонце ќе остане без хелиум, таа почнува да испушта огромни облаци од гас и прашина. На овој начин може да се формираат спектакуларни визуелни структури, а една од нив е маглината „Мачкино Око“.

Во наредната снимка биле користени податоци од телескопот „Чандра“, како и од телескопот „Хабл“.

За да ја слушне звучната сцена на таа маглина, НАСА направи приказ сличен на скенирање на оној на радарот и се движи во насока на движењето на стрелките на часовникот - колку е подалеку светлината од центарот на сликата, толку е поголем нејзиниот тон.



Звукот на „Вителот на Галаксиите“

„Месиер 51“ е можеби најпознат по името „Вител на Галаксиите“. Станува збор за спирална галаксија слична на нашиот Млечен Пат. Податоците преточени во звук на таа слика, кои ги објави НАСА, доаѓаат од неколку телескопи (инфрацрвен, оптички, ултравиолетов и рендгенски).

Постојаниот тивок шум што може да се слушне на сликата е јадрото на самата галаксија.



Извор: Nasa.gov
Фото: NASA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука