X
 04.08.2019 Живот

Милениумците може да се изнервираат за само една минута ако интернетот им е бавен

Изгледа дека милениумците немаат трпение со технологијата. Нова студија покажува дека е потребно помалку од една минута за младите лица да се изнервираат додека чекаат некоја содржина да биде преземена во нивните телефони.

Истражување во кое биле вклучени повеќе од 2.000 корисници на паметни телефони од сите возрасти, а спроведено од страна на кинескиот производител на телефони „Уан Плус“, покажало дека лицата на возраст меѓу 16 и 34 години е 5 пати поверојатно да се изнервираат поради слабата брзина на преземање во споредба со повозрасните корисници.

Од испитаниците исто така било побарано да ги именуваат елементите од нивните животи кои им се најфрустрирачки. За оние на возраст меѓу 16 и 24 години, најчест одговор бил немање безжичен интернет на нивната локација. Второто нешто било доцнењето на пратките.

Речиси половина од лицата на возраст од 16 до 24 години истакнале дека би сакале да го скратат времето поминато пред екран. Истовремено, 32 отсто од сите испитаници изразиле загриженост за тоа колку денес се потпираме на технологијата.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот