X
 22.10.2015 Технологија

Сијалица во која ќе се заљубите на прв поглед

сијалица 

 

Дали некогаш сте се запрашале колку подобар би ви бил животот ако имавте сијалица која истовремено ќе има и двојни стерео звучници? Очигледно некои луѓе се позанимавале со оваа идеја, со оглед на тоа што компанијата „Pulse Solo“ започна да го произведува овој производ.


Со цел да ја револуцоионизира индустријата за осветлување преку трансформирање на вашиот дом во еден „поврзан“ дом, компанијата има создадено неколку големи производи вклучувајќи Wi-Fi продолжувач и паметни светилки за надворешно надгледување.

Сепак, овој производ привлече доста внимание кај клиентите. „Pulse Solo“ е паметна сијалица која е комбинација од енергетска ефикасност на LED светло заедно со висок квалитет на JBL Bluetooth звучник кој ќе ви овозможи одлична домашна забава која лесно се контролира.

Со оглед на тоа што сијалицата е комбинирана со двојни звучници од 3 вати, таа е далеку потешка од стандардната сијалица. Функционирањето е доста едноставно - го поврзувате вашиот паметен телефон преку Bluetooth и започнувате да слушате музика. 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија