X
 04.09.2023 Препорачани огласи

Оглас за доделување стипендии за последна година од прв циклус студии на УКИМ за учебната 2023/2024 година

ОКТА АД-Скопје во учебната 2023/2024 година доделува пет стипендии на редовни студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, запишани на последна година од прв циклус студии на одредени студиски програми на некој од следните факултети:

• Технолошко-металуршки факултет
o Полимерни материјали
o Дизајн и менаџмент на технолошки процеси

• Факултет за електротехника и информациски технологии
o Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија
o Електроенергетика и проектен менаџмент
o Електроенергетски системи
o Компјутерски технологии и инженерство

• Природно-математички факултет – Институт за хемија
o Применета хемија
o Применета хемија - аналитичка биохемија

• Машински факултет
o Термичко и енергетско инженерство
o Хидраулично енергетско инженерство
o Материјали, процеси и иновации
o Индустриско инженерство и менаџмент
o Енергетика и екологија

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија има редовен студент кој ги исполнува следните услови:
1. Да има запишано последна година студии на еден од погоре наведените факултети со постигнат просечен успех од најмалку 8,50;
2. Да не повторувале година во текот на студирањето;
3. Да поседува сертификат како доказ за активно познавање англиски јазик;
4. Да не е корисник на стипендија од други установи, институции или компании;
5. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
6. Предност ќе имаат кандидати кои не се во редовен работен однос;
7. Учеството во дополнителни вонкурикулумски активности како учество на студентски конгреси, проекти и други активности, ќе се смета за предност.

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

1. Пријава (формулар достапен во огласите на интернет страната на ОКТА);
2. Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2023/2024 година;
3. Уверение за положени испити од претходните години;
4. Изјава дека кандидатот не е корисник на стипендија од други установи, институции или компании (формулар достапен во огласите објавени на интернет страната на ОКТА)
5. Уверение - потврда за активно познавање англиски јазик;
6. CV на македонски јазик.

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

Стипендијата е во висина од 1.200ЕУР и истата е распределена на 12 еднакви месечни надоместоци од по 100ЕУР.

IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Крајниот рок за пријавување на кандидатите за користење на стипендија за последна година од прв циклус студии 02.10.2023 година. Документите за аплицирање за една од петте стипендии треба да се испратат на следните меил адреси: jcvetkovska@helpe.gr и mstavreva@helpe.gr
Кандидатите ќе биде избрани од страна на Комисија составена од претставници на ОКТА и претставници на УКИМ. За кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе биде организирано интервју.

Контакт лице за дополнителни информации:
Јулија Цветковска
02 2532 565
070 354 951
jcvetkovska@helpe.gr
Активен до:    02.10.2023

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk