X
 04.11.2020 Економија

На административците нема да им се крати од плата за боледување поради Ковид-19. За приватниците тоа е само препорака

На вчерашната седница на Влада била разгледана информацијата за регулирање на боледување на вработени лица заболени од Ковид-19, како и вработени лица кои се во изолација заради спречување зараза. Владата донела заклучок министерствата и органите на државната управа при регулирање на овие прашања на вработените лица кои имаат симптоми или се заболени од Ковид-19 и на лица кои се во изолација заради спречување на ширење на заразата, но се асимптоматски, а за кои е констатирано дека се заболени од Ковид-19, задолжително да побараат ИСР-образец, односно боледување, согласно кој висината на надоместокот на плата за привремена спреченост за работа поради коронавирус да изнесува 100% од основицата за надоместок на плата.

Од Влада дополнително објаснуваат дека овие заклучоци се донесени како задолженија за министерствата и органите на државната управа.

- За локалната самоуправа беше донесен заклучок да им се препорача на општините, на Градот Скопје и општините во Градот Скопје, како и на организациите утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, да постапат идентично со заклучокот на Владата за исплата на 100% плата во случаи на боледувања од Ковид-19. Бидејќи Владата не може да се меша во работата на работодавците и во нивните постапки по ова прашање, сепак, ПРЕПОРАЧУВАМЕ и во приватниот сектор да го следат овој заклучок. Ова е време кога мораме сите да им помогнеме на работниците, сега е вистинското време за социјалните и солидарните аспекти во нашето живеење - објаснуваат од Влада.
Подготвил: Н.Б.З.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија