X
 04.11.2023 Здравје

Неколку работи што треба да ги правите наутро пред првото кафе

Првата работа што најверојатно ја правите наутро е пиење шолја добро кафе, но дали знаете дека има некои работи што треба да ги направите пред овој ритуал? Една од причините за тоа е што пиењето кафе на празен стомак може да го доведе телото во состојба на висок стрес, што доведува до ослободување на адреналин и кортизол. Еве неколку работи што треба да ги направите пред да го испиете утринското кафе.

Хидратација

Пијте многу вода пред да испиете шолја кафе. Причина? Водата на собна температура, можеби со додавање сок од лимон, може да го помогне варењето.

Јадете 

Друг совет е да јадете оброк богат со влакна и протеини - така ќе се балансира нивото на шеќер во крвта. Високиот шеќер во крвта може да предизвика воспаление, што ги исцрпува нашите енергетски резерви.

Физичка активност

Некои луѓе имаат навика да пијат кафе пред вежбање, но експертите велат дека тоа е лоша идеја. Затоа се советува да се вклучите во некоја форма на физичка активност пред кафето, во првиот час по будењето.

Трпение

Одложувањето на внесот на кофеин најмалку 90 минути по будењето ќе доведе до зголемена енергија во текот на денот.

Дневна светлина

Изложеноста на дневна светлина е одличен регулатор на деноноќниот ритам, а предизвикува ослободување на кортизол наутро за да го поддржи природниот ритам на телото. Изложеноста на природна светлина во првиот час по будењето е одличен начин да се одржи оптималната рамнотежа на хормоните.

Извор: Novi list
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје