X
 05.01.2020 Живот

Интересни факти за земјата со најсреќна популација во светот

Финска, место каде што живеат вредни луѓе, одамна го зазеде првото место на листата со најсреќни земји во светот. Станува збор за мала северна земја каде што е популарен патриотизмот и каде што 99 отсто од населението одат во сауна најмалку еднаш неделно, а елените шетаат слободно по улиците на малите градови.

Прочитајте уште некои интересни факти за оваа земја што ќе ве натераат уште повеќе да се заљубите во неа.

1. Финците поминуваат многу време на отворено

Околу 70 отсто од територијата на Финска е покриена со шуми. Затоа Финците се чувствуваат толку пријатно кога се во шума. Тие чувствуваат дека се заштитени кога се опкружени со природа и тоа ги смирува. Финците често поминуваат време на отворено и сакаат кога планинарат и кога возат велосипеди.

2. Бесплатна вода за пиење

1
Фото: Wikimedia


Финска често пати се нарекува земја на илјада езера. Овие езера се појавиле како резултат на последната глацијација, која завршила пред околу 10.000 години. Водата во нив е толку чиста што може да се пие директно од чешма и не бара дополнителна обработка. Речиси секој ресторан бесплатно нуди тегла или шише вода, дури и ако заборавите да му речете на келнерот да донесе вода.

3. Државата плаќа детски додаток секоја година, до 17-тата година на детето

Во Финска родителите добиваат детски додаток од околу 100 евра месечно. Додатокот се зголемува со секое следно родено дете во семејството, а се плаќа додека детето не наполни 17 години. Повеќето родители не ги трошат парите и им ги штедат на децата, за подоцна во животот да им ги дадат. Освен тоа, откако ќе се роди бебе, родителите добиваат картонски кутии од државата во кои ги има сите потребни работи за бебето. Кутиите содржат 64 различни артикли, вклучувајќи облека, пелени, играчки и сите потребни информации за грижа за новороденчето.

4. Најдобрата пица во светот

Сè почнало со Силвио Берлускони, италијанскиот премиер кој дал изјава дека не ја сака финската храна. 3 години подоцна Финска победила на меѓународниот натпревар за пица оставајќи ја Италија зад себе и презентирајќи ја својата позната пица „Берлускони“ со месо од елен.

5. Оваа земја е еден од светските лидери во рециклирање ѓубре


Финска се придржува кон кружна економија, што овозможува да се користат сите ресурси што му се достапни на општеството со минимална количина отпад. 99% од комуналниот отпад или се рециклираат или се испраќаат до печки за палење отпад, што последователно произведуваат енергија. 9 од 10 пластични шишиња се рециклираат, а истото важи и за стаклото, каде што процентот на рециклиран производ е уште поголем.

6. Јавноста ѝ верува на полицијата

Финската полиција е единствена формација, а не неколку одделни структури како што е во повеќето земји. Ова е направено за да се спротивстави на можните обиди на која било владејачка група да ја монополизира и да влијае врз полицијата. Како што покажува практиката, оваа била една од најдобрите одлуки на финската влада затоа што се покажало дека речиси 90 отсто од Финците имаат доверба во полицијата.

7. Постојат многу чудни спортски натпревари.


Спортот е составен дел од животот за Финците. Освен добро познатите спортови, оваа земја има натпревари како носење сопруга, фрлање на мобилни телефони, лов против комарци, свирење воздушна гитара и фрлање чизми.

8. Финска е прва земја во светот што на секој граѓанин му дава право на пристап до интернет


Од 2010 година Финска стана првата земја во светот каде што на списокот со граѓански права е и правото на пристап до интернет. Владата официјално ги задолжи снабдувачите на интернет да му обезбедат на населението брз (широкопојасен) интернет и да обезбедат жителите што немале интернет-врска за време на донесувањето на законот, отсега да го имаат. Додека владите на другите земји официјално не гарантираат брза врска поради стравот од пиратерија, Финска призна дека интернетот е првенствено неопходен за луѓето да работат.

9. Татковците поминуваат повеќе време со своите деца отколку мајките.

Донесени се голем број закони што ја наградуваат поактивната вклученост на татковците во животот на децата. На пример, родителското отсуството за татковство може да трае 9 недели и 70 отсто од просечната плата на татковците им се исплаќаат во текот на тој период. Ова ја претвори Финска во првата земја во светот каде што татковците ја преземаат најголемата улога за грижата за своите деца.

10. Финците го заземаат второто место во светот по консумирање кафе

Според Меѓународната асоцијација за кафе, секој Финец годишно троши 11 килограми кафе. Таканаречената пауза за кафе - „кахвитауко“ на работа или на училиште е света работа за Финците и секогаш треба да има доволно време за тоа.

11. Селото на Дедо Мраз

1
Фото: Wikimedia


Едно мало село наречено Jулупуки (така Финците го нарекуваат Дедо Мраз) е отворено за посета на финскиот Дедо Мраз во текот на целата година. Финскиот Дедо Мраз дури има и вистински пасош, кој вели дека бил роден „пред многу време“ и е „оженет“. Името на сопругата на Јулупуки е Јулумуори („Старата дама Божиќ“).

12. Бесплатно образование


Финското образование бара добро познавање на англиски и фински јазик, што потоа се докажува со полагање меѓународни испити. Образованието во јавните институции, како во училиштата така и во универзитетите, е бесплатно за граѓаните на Европската Унија и образованието во оваа земја се смета за едно од најдобрите во светот.

13. Филозофија на среќата: сису

Зборот „сису“ нема буквален еквивалент, но честопати се преведува како одлучност, храброст и истрајност за цел. Сису е тотална смиреност, витална енергија, сила и емоционална самоконтрола. Овој концепт прерасна во цела филозофија и станал необичен начин на живот за жителите на оваа земја. Воспитувањето според сису вели дека детето може да направи сè.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот