X
 05.03.2019 Култура

Приказната зад „Firestarter“: Како настанал големиот хит?

Кит Флинт, пионер на електричната и денс-музика и пејач на групата „Продиџи“, почина на 49 години, а неговото тело било пронајдено во неговиот стан во Есекс.

Веста за смртта ја потврди и бендот.

- Во голем шок и длабока тага можеме да ја потврдиме смртта на нашиот брат и најдобар пријател Кит Флинт. Вистински пионер, иноватор и легенда. Ќе ни недостига засекогаш.

flint
Фото: Pixsell


Кит беше познат по неговиот ексцентричен стил, фризурите, флуоресцентните бои, тетоважи и фантастичната харизма на сцената. Заедно со неговите пријатели, продуцентите Лиам Ховлет и Лирој Торнхил, го основал бендот „Продиџи“ во 1990 година.

Групата успеала андерграунд рејв-музиката да ја претвори во глобално популарен жанр. Ховлет често на интервјуата споменувал дека бендот морал да се бори за почит, а денес има култен статус, станувајќи еден од најголемите и највлијателни електро-бендови на сите времиња.

Нивната најпозната песна е „Firestarter“ од третиот албум „The Fat of the Land“. Песната станала контроверзна поради насилните стихови и морничавиот и психоделичен спот снимен во напуштената подземна станица „Олдвич“ во Лондон.

Флинт и Ховлет во едно интервју неодамна откриле дека имале мисија да се тргнат од рејв-сцената и да направат нешто ново.

- Почнав нов албум кога ја пишував „Firestarter“ и тоа беше првата работа од албумот што луѓето ја слушнаа. Сè експлодираше со таа песна. Се шегував, уништив десетици гитари обидувајќи се да создадам нов звук - изјави Ховлет.

Песната зела примероци од „SOS“ на „The Breeders“, а звукот на „дрон“ на песната му дала „злобен“ звук. Флинт подоцна ги снимил првите вокали за оваа песна.

- Музиката во заднина беше речиси готова, така што реков дека ова ќе биде песната на која ќе работам - изјавил Флинт.

Ова била првата песна на групата што се нашла на прво место на британската листа и веднаш ја променила сликата за „Продиџи“. И покрај насилниот текст и грубоста, песната станала многу популарна.

- Гневот произлегуваше од нашата борба со самите себе, за песните и албумите да ги направиме што подобри - изјавија тие во една пригода негирајќи дека нивната музика некогаш била политичка.

- Политика? Никогаш. Само пишувавме музика за луѓето да бидат задоволни. Да бидам искрен, никогаш не сум бил лут за ништо во мојот живот - изјавил Флинт во едно интервју од 2004 година.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура