X
 05.05.2018 Живот

„Лидл“ продава канабис

„Лидл“ во Швајцарија како алтернатива на тутунот за мотање почна да продава производи од канабис. Имено, Швајцарија уште во 2011 година со закон им дозволи на граѓаните постари од 18 години да купуваат и да користат канабис кој не содржи повеќе од еден отсто тетра-хидро-канабинол (ТХЦ).

Производите што се продаваат во „Лидл“ се дериват од цветовите на конопот и се дизајнирани да обезбедат релаксирачки и антиинфламаторен ефект. Пакување од 1,5 грам чини 17,99 швајцарски франци, додека пакување од три грама чини 19,99 швајцарски франци.

Од „Лидл“ истакнаа дека нивниот снабдувач, компанијата „Битаникалс“, своите производи ги произведува во Тургау и во производството не користи хемикалии, синтетички или генски модифицирани нешта.



Производот има релативно висок удел на канабидиол (ЦБД), а мал удел на ТХЦ.

Комерцијалните играчи дури неодамна почнаа да го искористуваат законот од 2011 година, кој беше креиран да овозможи достапност до медицинскиот канабис.

„Лидл“ не е првиот синџир на маркети што влезе во овој пазар. Швајцарскиот синџир на супермаркети „Куп“ прв почна да продава производи од канабис минатата година.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот