X
 27.07.2023 Живот

Ова швајцарско село сака да привлече дигитални номади со своите прекрасни планински пејзажи

Со планински пејзажи и спортови на отворено, селото Ленк нуди алтернатива на градскиот живот.

Швајцарија можеби не е првата земја што ќе ви падне на ум кога станува збор за дигитални номади, но мирното планинско опкружување може многу да понуди. Особено кога станува збор за алпското селце Ленк, кое нуди тивка средина и атмосфера за работа.

- Претпочитам мирна средина каде што навистина ќе можам да работам и да бидам продуктивен бидејќи ќе нема многу метеж - вели Енди Стоферис, кој 10 години работи како дигитален номад.

Сега Енди поставува дигитален номадски центар во селото за оние што сакаат да му се придружат.

Зошто Швајцарија е добра за дигитални номади?

 
Од 16 октомври до 22 декември центарот ќе има приватни станови погодни за секого, од самостојни номади до цели семејства.

Зошто баш Ленк?

Ова село во швајцарските Алпи има околу 2.500 постојани жители, а околу 15 отсто од нив се преселиле од другите земји. Селото има околу 20 различни пешачки патеки, а нуди активности како јавање коњи, велосипедизам и други активности на отворено. Во зима има 200 километри скијачки патеки.

Енди вели дека локацијата е идеална за љубителите на отворено, но и за оние што се малку поинтровертни. Не треба да сте искусен дигитален номад за да останете во центарот и тој се надева дека ќе привлече далечински работници на кои им е преку глава да работат од нивните матични земји.

Извор: Euronews.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот