X
 05.07.2017 Забава

Урнебесно резиме направено со „Google Autocomplete“

Да бидеме искрени, никој не сака да пишува резимеа. Досадни се и често претставуваат губење време. Но едно момче пронајде одличен начин да заштеди време и да создаде доста креативно CV.


Фото: Twitter/Screenshot

Како? Го искористи „Google autocomplete“ - иако можеби нема никогаш да добие работа со него, дефинитивно успеа да ја насмее интернет-заедницата.

„Требаше да го ажурирам моето CV, па го направив тоа со помош на „Google autocomplete“ и наскоро ќе имам работа“, напиша тој на својот профил на „Твитер“.

Со оглед на тоа што неговото резиме вели дека се идентификува како волк, дека е роден да те сака и дека е трениран за војна со горила и истото може да го докаже математички, се надева дека ќе пронајде работодавец со сериозна смисла за хумор.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава