X
 25.01.2015 Живот

Лаги кои луѓето ги употребиле за да најдат работа

Да не зборуваме за невработеноста во земјава. Но, генерално поврзано со вработеноста е едно: работното место е тешко да се добие. Честопати, разликите помеѓу едно и друго резиме се минимални. Па, луѓето честопати се одлучуваат да ги „украсуваат“ своите професионални биографии. Некои претерале.


„Бизнис инсајдер“ ги претставува најуникатните лаги кои луѓето ги ставиле во резиме.

- Едно момче еднаш ги ставило квалификациите на татка си во своето резиме.

- Еден очаен трагач по работа навел дека бил асистент на премиерот во земја која нема таква политичка функција.

- Пријавен кандидат навел дека бил средношколски првак во слободно фрлање. Тој признал на интервјуто дека тоа е лага.

- Друг кандидат во своето напишал дека освоил олимписки медал.

- Еден кандидат во резимето навел дека има искуство како надзорник на изградба на објекти. После се дознало дека најголемото искуство со изградба го добил со изградбата на куќичка за куче.

- Кандидат стар 32 години во резиме напишал дека има 25-годишно искуство.

- Друг кандидат навел дека веќе 20 години работи како бебиситер на повеќе славни личности, како Том Круз и Мадона.

- Еден трагач на работа навел дека во текот на изминатите години работел три работи. Потоа се открило дека една од работите ја работел два дена, една само ден, а третата воопшто не ја работел.

- Кандидат се јавил за работа во фирма која преку интернет претходно го отпуштила.

- Еден кандидат се јавил двапати на конкурс за исто работно место, но не се покажал најдобро. За секој пат имал различно резиме.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот