X
 05.07.2022 Живот

НАСА ја обвинува Кина дека води воена вселенска програма за контрола на Месечината

Бил Нелсон, администратор на НАСА, верува дека Кина презема воена вселенска програма во обид да добие целосна контрола над Месечината, не дозволувајќи им на другите пристап до неа.

Како што пренесува „Ројтерс“, Нелсон го прокоментирал ова за германскиот весник „Билд“.

- Треба да бидеме загрижени што Кина слетува на Месечината и вели - сега е наша, а вие останете надвор - рече тој.

Додаде дека кинеската вселенска програма е воена вселенска програма и дека Кинеската вселенска станица се користи за учење како да се уништат туѓите сателити.

Жао Лиџијан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, одговори на коментарите на Нелсон.

- Ова не е првпат шефот на НАСА да ги игнорира фактите и да зборува неодговорно за Кина. САД постојано водат оцрнувачка кампања против нормалните и разумни напори на Кина во вселената, а Кина цврсто се спротивставува на таквите неодговорни забелешки - изјави Лиџијан.

САД веќе ја гледаат Кина како најголема сајбер-закана, но сега изгледа дека претставува и најголемата воена закана во вселената.

Кина веќе почна со својата мисија на Месечината: кон крајот на 2020 година врати 2 килограми лунарна почва на Земјата и планира уште три мисии без екипаж за 2024-2027 година.

Во меѓувреме, НАСА се надева дека ќе ѝ биде успешна мисијата со екипаж за слетување на Месечината во 2025 година преку својата програма „Артемис“.

Извор: Pcmag.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот