X
 05.07.2022 Живот

Скопско Smooth ја лансираше Smooth ON - Свежа музика на само клик од тебе

Пивото што е синоним за младост, бунт, слобода и свежина, ја продолжува својата автентична приказна со лансирањето на музичката платформа Smooth ON

СКОПСКО Smooth ги собира на едно место луѓето што со децении ја креирале, дефинирале и живееле музичката сцена, за да ги пронајде, поддржи и промовира најсвежите и најоригиналните домашни артисти.



Лансирањето се случи на најсоодветното место за промоција на македонската музика –Д-Фест во Дојран каде што преку отворена панел-дискусија во СКОПСКО Smooth катчето отворено се дискутираше за македонската музичка сцена со Тошо Филиповски, Гоце Саф, Филип Николовски и Огнен Стојановски.

Панел-дискусијата покажа дека постои потреба да често и отворено да се зборува на оваа тема, да се изложуваат предизвиците и да се креираат решенија, но клучната порака и заклучок е дека имам сцена која има огромен креативен и творечки потенцијал и која треба да се поддржи.



Наскоро целата дискусија ќе биде објавена на Smooth ON, a во меѓувреме ве покануваме да ја слушнете музичката селекција на нашите панелисти која само докажува колу е богата, разновидна и прогресивна македонската музичка сцена.

Вклучи се и слушај свежа музика!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот