Често поминуваме многу време размислувајќи за работи што може да ни се случат, а кои речиси никогаш не се случуваат. Понекогаш правиме детални планови и правиме сценарија во нашата глава што никогаш не се остваруваат.
Иако таквите размислувања може да нѐ подготват за некои идни настани, ние само губиме часови од животот размислувајќи и ја пропуштаме можноста да ја доживееме радоста на денешницата. Друга работа што нѐ оддалечува од животот во сегашноста е размислувањето за минатото.
Честопати со денови размислуваме за некои работи што ни се случиле и си кажуваме себеси дека поинаку требаше да одговориме на некои провокации. Честопати со денови размислуваме за тоа што довело до конфликт со нашиот партнер, што тргнало наопаку и како требало да реагираме.
Се обвинуваме себеси што не сме доволно подготвени за ситуацијата во која сме се нашле. Токму овие размислувања за минатото и иднината ја крадат радоста од нашиот секојдневен живот наместо да се фокусираме на луѓето што се моментално до нас и ситуациите што во моментот се случуваат. Честопати не си дозволуваме да ја почувствуваме радоста од сегашниот момент.
Постои многу мудра изрека на
далај-лама која може да ни објасни многу, а гласи: - Постојат само два дена во годината кога ништо не може да се направи. Едниот се вика „вчера“, а другиот се вика „утре“. Затоа, денес е вистинскиот ден за љубов, вера и живот.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Pixabay