X
 09.04.2017 Живот

По што се разликуваат најуспешните луѓе од просечните?

Како некоја личност го дефинира успехот е субјективна работа, но најверојатно ја вклучува комбинацијата од финансиска независност, стабилни односи и врски, добро образование и соодветна кариера.


Фото: Freepik

Кристина ДесМаре, авторката на сајтот „Inc.com“, со години интервјуирала стотици основачи и директори кои се вклопуваат во овие рамки на успехот. Со тек на време, се издвоиле навики кои ги чинат успешни.

Пишуваат „to do“ листа

Тоа не е научна фантастика, но луѓето кои постигнале голем успех, следат кои работи треба да ги завршат секој ден. Со тоа што ќе ги ставите на хартија, всушност ги ставате и во вашиот фокус.

Нивниот ум е неоптоварен

Успешните луѓе не размислуваат премногу за негативните искуства и разговори, туку повеќе се фокусираат на учење и прилагодување на потребите, како и на она што се случува овде и сега.

Ризикуваат

Преземањето ризици може да доведе до неуспех, но успешните луѓе учат од своите грешки, за да станат подобра верзија од себе.

Можат да донесат одлука наспроти фактот дека ги немаат сите податоци

Иако информациите се значајни, често сигурноста од 100 проценти не е можна.

Дарежливи се

На некој начин, тоа е како инвестирање во добра карма. Тие се дарежливи кон другите, но и кон себе. Паметната инвестиција значи дека она во кое сте вложиле, ќе ви се врати, а може и ќе се зголеми.

Вежбаат секој ден


Успешните луѓе сфаќаат дека со дисциплиниран фитнес успешно можат да се борат против стресот и воедно да го зачуваат своето здравје.

Позитивни се, очекуваат да се случат позитивни работи

Тоа е главната особина на среќните луѓе: Очекуваат позитивна иднина.

Еден дел од денот го поминуваат во тишина

Медитирање или размислување, успешните луѓе издвојуваат време за да ги „смират“ своите умови.

Работат на тоа да бидат попаметни


Било да е тоа читање или некоја друга активност, успешните никогаш не престануваат да работаат на својот напредок. Ги слушаат другите и дознаваат од туѓите искуства.

Вложуваат во врските

Најважната лекција за среќата е: Добрите односи не одржуваат среќни и здрави. Луѓето кои се поврзани со своето семејство, пријателите, среќни се, физички здрави и живеат подолго.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот