X
 05.11.2018 Забава

Камила Кабељо го собра кајмакот на Европските музички награди на Ем-ти-ви

Kамила Кабељо доминираше на овогодишните европски музички награди на Ем-ти-ви. Таа дома си однесе четири награди: за најдобар артист, најдобро видео, најдобра песна (за песната „Хавана“) и најдобар американски изведувач. Камила, која има само 21 година, се заблагодари на шпански на церемонијата што се одржа во шпанскиот град Билбао.

- Многу ги сакам фановите. Знам како е да се биде обожавател. Знам колку е специјална таа врска. Ве сакам - рече таа, завршувајќи со едно „грасијас“.

Инаку, во однос на другите категории, за најдобар нов изведувач беше избрана Карди-Би, за најдобар поп-изведувач беше избрана Дуа Липа, најдобар хипхоп-изведувач е Ники Минаж, која доби награда и за најдобар изглед. Во категоријата рок за најдобри беа избрани „Фајв секондс оф самер“, додека во категоријата електронска музика за најдобар беше прогласен Маршмело. Шон Мендес, пак, триумфираше во категоријата најдобар настап во живо.

Тука можете да ја видите целата листа со добитници.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава