X
 05.12.2018 Живот

Марс не е план Б за нашата цивилизација

Поранешната американска астронаутка Меј Џемисон ја повика меѓународната заедница да биде свесна за опасноста од климатските промени, истакнувајќи дека планетата Марс не може да биде „план Б“ за човештвото.

  - Луѓето зборуваат дека треба да ја спасиме Земјата. Не станува збор за спасување на Земјата, туку да не продолжуваме да ја оштетуваме до таа мера што повеќе не ќе може да нè прифати - истакна Џемисон, првата црномурна астронаутка што отиде во вселената.

Обраќајќи се на годишната Конференција на Обединетите нации за климата (ЦОП24) во Полска, таа наведе дека борбата против климатските промени можеби сега е најголемиот проблем со кој се соочува човештвото. Џемисон  додаде дека сите треба да се вклучат во неговото решавање бидејќи е важно да сфатат дека тоа е проблем на сите.

Таа истакна дека на Земјата од вселената се сеќава како на „неверојатно сина планета, силна и отпорна“.

- И покрај тоа, сакам да одам и да го видам Марс, но таа планета не е план Б за нашата цивилизација и нашиот вид - наведе Џемисон.

Претставници на околу 200 земји присуствуваат на ЦОП24, на која се дебатира за примена на меѓународниот Договор за климатски промени, според кој е предвидено намалување на глобалното затоплување под 2 Целзиусови степени.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот