Индиската стартап-компанија што произведува душеци „Вејкфит“ нуди работа што можете да ја правите дури и додека спиете. Компанијата нуди практикантство за спиење и од кандидатите бара да спијат 9 часа на ден во период од 100 дена.
- Ги бараме најдобрите кандидати за спиење чиј приоритет во животот е спиењето. Ова практиканство сака да го врати фокусот на сонот и колку е важен за здравјето со прославување и аплаудирање на луѓето што се опседнати со добар сон - вели Чаитанја Рамалингеговда, директор и соосновач на „Векјфит“.
За време на практикантството компанијата ќе го следи спиењето на практикантите кои ќе спијат на душеците на оваа компанија. Исто така, ќе нуди и сесии за советување, а кандидатите ќе имаат и уреди што ќе го следат нивното спиење пред и по користењето на душеците.
Фото: Unisplash
Еден од условите е да не се користи лаптоп во текот на работните часови.
- Иницијативата е уште еден чекор кон правење на сонот интегрален дел од одржувањето на балансот меѓу работата и животот - изјави директорот.
Исто така, компанијата има кампања за правото работниците да дремнуваат на работа. Условот за добро извршување на оваа работа е фантастична желба и способност кандидатите да спијат кога било и каде било. Од луѓето се очекува уште едно: да сакаат да поминуваат време во нивните пижами, да не претеруваат со серии и телевизија.
Предност имаат личности што можат вешто да игнорираат најразлични пораки и известувања на паметниот телефон. Оние што 'рчат не треба да се пријавуваат.