X
 06.01.2022 Живот

Најдобрата песна за слушање во кое било време од денот

Истражувачи од Универзитетот во Орхус, Данска, неодамна објавија истражување во кое велат дека песната „Every breath you take“ од 1983 година, изведена од „Полис“, е најдобра песна за слушање во кое било време од денот.

Во истражувањето се анализирале податоци за слушање на речиси 4 милиони песни за да се препознаат можни шеми во видот на музика кој се слуша во текот на денот. На крајот, истражувачите заклучиле кои песни најчесто се слушаат во секој период од денот.

Така, луѓето сакаат да слушаат побавни песни наутро, а побрзи песни за играње навечер.

Истражувачите откриле и дека има песна која се слуша во секое време од денот, а тоа е споменатата „Every breath you take“.


Извор: Inside Hook
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот