X
 23.08.2023 Живот

Во 2020 година сите го споделуваа најпознатиот хит на Тото Кутуњо од 1983 година, а причината беше навистина тажна

Многумина би се согласиле дека најпознатата песна на италијанскиот кантавтор Тото Кутуњо е токму „L'Italiano“, хит од 1983 година. Иако Кутуњо имаше многу хитови во текот на својата богата кариера и победи на Евровизија во Загреб, во 1990 година, многумина го паметат по оваа песна.

Песната ја извел на Санремо во 1983 година и завршил на 5. место, но таа стана најомилена песна од фестивалот таа година. Италијанците пишуваат дека оваа песна ја обележала историјата на фестивалот и станала класика, иако не победила.

Симбол на италијанската култура и идентитет


„L'Italiano“ е една од најнезаборавните и најзначајни песни во кариерата на Тото Кутуњо, како и во модерната италијанска музика. Се смета за симбол на италијанската култура и идентитет.

Делото, кое ги наведува грешките и доблестите на Италијанците, стереотипите поврзани со земјата, како што е прекумерниот американизам, изгледа како пресек на 80-тите во Италија. Дополнително, во песната се истакнува дека човекот, Италијанец, е горд што припаѓа на таа земја, а овие стихови сакаат да го изразат патриотизмот. Во видеото се појавува и девојка облечена во боите на италијанското знаме.

Дел од стиховите од италијанскиот превод се: „Да пеам/ со гитара в рака/ дозволете ми да пеам/ Италијанец сум (...) Дозволете ми да пеам/ затоа што сум горд/ Италијанец сум/ вистински Италијанец/ Добро утро, Италија од која не се плашиш“.

Песната имаше неколку бранови на популарност. Беше популарна во 1983 година кога првпат излезе, а потоа нејзината популарност опадна во текот на 90-тите. Потоа дојде нов бран. Песната почна повторно да се слуша низ светот откако Кутуњо ја изведе во живо на хуманитарен концерт во Рим во знак на сеќавање на победата на Италија на Светското првенство во фудбал во 2006 година.

И изненадувачки, следниот бран на популарност се случи во 2020 година поради ковид-пандемијата. Таа година ковид однесе многу животи во Италија. Бројот на загинати се зголемуваше од ден на ден. Потоа, од солидарност, многумина почнаа да ја споделуваат оваа песна за да ја поддржат Италија во борбата против коронавирусот.

53 милиони прегледи на „Јутјуб“, преведена на многу јазици

Песната има неверојатни 53 милиони прегледи на „Јутјуб“ и е продадена во повеќе од 100 милиони примероци низ светот, а има превод на многу јазици. Првично била наменета за Адријано Селентан, кој ја одбил. Од 1983 година, многумина снимиле обработки на „L'Italiana“. Меѓу нив има пејачи од Финска, Холандија, Унгарија, Бразил, Франција, Италија, Виетнам...

Кутуњо почина по битката со тешка болест

За потсетување, Тото Кутуњо почина на 80-годишна возраст во миланската болница „Сан Рафаеле“, по долго боледување.

Освен што беше пејач, тој беше и еден од најуспешните италијански текстописци на сите времиња, пишувајќи за уметници како Далида, Адријано Челентано и Доменико Модуњо. Кутуњо важеше за вистински амбасадор на италијанската музика во светот, особено во земји како Романија, Шпанија, Турција, Германија и Русија.

 

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот