X
 06.02.2022 Живот

Градови во кои живеат најмногу кучиња

Многумина ќе се согласат дека кучето му е најдобар пријател на човекот. Но дали некогаш сте размислувале кои се најдобри градови за овие домашни миленици, односно каде живеат најмногу кучиња?

Веб-страницата „Протект мај пос“ направила анализа на оваа тема. Според резултатите, во Париз живеат најголем број кучиња во однос на неговата големина - 300.000. Тоа значи дека во Париз има 2.857 кучиња на секој квадратен километар.

Втор на листата е Буенос Аирес, кој е дом на половина милион кучиња, но со оглед на големината на градот, таму на секој квадратен километар има 2.463 кучиња.


Фото: Pixabay

На третото место се наоѓа Берн, а потоа следуваат Хавана, Чикаго, Тајпеј, Филаделфија, Копенхаген, Хјустон и Њујорк.

Доколку се гледа на бројот на кучиња во однос на бројот на жители, резултатите се различни. Тогаш на врвот се наоѓа Хјустон, каде што има приближно едно куче на секои 2 жители.

Следува Берн со 47 кучиња на секои 100 жители, а потоа се Хавана, Сан Диего, Сан Франциско, Сукре, Будимпешта, Чикаго, Денвер и Филаделфија.

Извор: Punkufer
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот