X
 06.02.2026 Наука

Наскоро посетителите на музеи ќе можат да ги помирисаат египетските мумии

Посетата на музеј наскоро би можела да прерасне во вистинско мултисензорно искуство во кое ќе бидат вклучени и мириси. Благодарение на неодамнешните достигнувања во областа на биомолекуларната археологија, научниците можат да детектираат траги од молекуларни отпечатоци од прсти на антички артефакти. Од овие ситни честички, научниците можат да утврдат како мирисале предметите. А мирисот може да доведе до подобро разбирање на медицината, ритуалите и секојдневниот живот пред илјадници години.

Нов труд покажува како можат музеите да ја искористат моќта на молекуларните докази и да го „оживеат“ сетилниот свет од минатото. Врз основа на вистински молекуларни наоди од антички артефакти, тимот изградил преносни картички за мирис и дифузери за мирис што ги придружуваат египетските изложби.

- Ова истражување претставува значајна промена во начинот на кој научните резултати можат да се споделат надвор од академските публикации - вели Барбара Хубер од Институтот за геоантропологија „Макс Планк“ и Универзитетот „Тибинген“, Германија.

Хубер соработувала со Софија Колет Ерик, историчарка на уметност и експерт за раскажување приказни базирани на мириси, за да ги спои световите на античката хемија и студијата, во однос на тоа како може да се комуницира преку мириси.

Фармацевтката Керол Калвез потоа користела антички хемиски потписи од истражувањето на Хубер за да создаде мирис за потенцијална изложба. Важно е што Калвез вели дека овој процес не е едноставен чин на репликација.


Заедно со артефактите што го инспирирале овој проект, тимот ги пресоздал аромите од мумификацијата во Антички Египет. Пренослива миризлива картичка и фиксна станица за дифузија на мириси биле вметнати во изложба во Музејот „Август Кестнер“ во Германија.

- Мирисот нуди нов пристап кон мумификацијата, оддалечувајќи се од факторот на страв и клишеата од хорор-филмовите, кон разбирање на дејствијата и посакуваните резултати - истакнале кураторите Кристијан Е. Лобен и Улрике Дубиел.

Извор: popsci.com

Фото: Instagram screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука