X
 16.01.2017 Наука

Јапонците тврдат дека решиле една од најголемите мистерии на Земјата

Тим од јапонски научници објавија дека имаат решение за една од најголемите мистерии на планетата Земја – ја дефинираа третата можна компонента од која е составено јадрото на нашата планета.

Истражувачите од Универзитетот Тохоку тврдат дека врз база на нивните истражувања, најверојатно се работи за силикон, пренесуваат медиумите.

Се верува дека јадрото на Земјата се состои од 85 проценти железо, 10 проценти никел и 5 проценти непозната материја, но најверојатно е дека елементите кои недостасуваат се силикон, сулфур или кислород.

„Ако силиконот е третиот елемент на јадрото, тоа значи дека површината на Земјата била богата со кислород и во време на нејзиното создавање“, соопштуваат од овој јапонски универзитет.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука