X
 06.03.2023 Живот

Што претставуваат турбуленциите и дали можат да бидат опасни?

Турбуленциите во текот на летањето со авион можат да бидат страшни. Седум луѓе беа повредени на лет на „Луфтанза“ кој помина низ силни турбуленции во февруари. Меѓутоа, турбуленциите во летањето се многу чести, а повредите се многу ретки.

Што предизвикува турбуленции?

Турбуленциите се дефинираат како воздушно движење предизвикано од атмосферскиот притисок, струење на воздухот околу планините или грмотевици. Промените во воздухот може да предизвикаат мало тресење на авионот на сличен начин како што брановите го тресат бродот. Причината за појавата на турбуленциите во течностите и гасовите останува научна мистерија. Освен тоа, тие се непредвидливи.

Дали се опасни?

Турбуленциите веројатно нема да предизвикаат пад на авионот. Експертите велат дека за пилотите, тие се проблем поврзан со удобноста, а не со безбедноста. Генерално, тие не се штетни за авионите бидејќи се создадени за да издржат такви промени во воздухот. Доколку погледнете низ прозорецот и забележите дека крилата на авионот се виткаат, не грижете се. Тие се создадени за да ги издржат турбуленциите.


Фото: Pixabay

Силните турбуленции може да предизвикаат мал пад во висината, што може да предизвика загуба на контролата над авионот, но тоа не е доволно за да предизвика пад на авионот.

Во 1966 година човечка грешка во комбинација со турбуленции предизвикала пад на авион над планината Фуџи. Меѓутоа, дизајнот на авионите е многу подобрен оттогаш и модерните авиони не би паднале во истите услови денес.

Најголемата опасност од силни турбуленции за патниците денес се можните повреди од удар при турбуленциите. Затоа, експертите посочуваат заштитниот појас да биде врзан во текот на целиот лет за да се одбегнат вакви повреди.

Извор: Insider
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот