X
 06.03.2026 Живот

„Најекстремното“ кафуле во светот стана вистински феномен - погледнете каде пијат кафе луѓето

Пиењето кафе со спектакуларен поглед обично е синоним за опуштање, но малку луѓе би успеале навистина да се опуштат во кафуле кое буквално виси од карпа.

Токму такво искуство нуди кафулето „Клиф кафе“ во кинеската провинција Фуџијан, кое се наоѓа на стрмна карпа, на околу 60 метри надморска височина.

Ова необично кафуле гордо ја носи титулата „најекстремно кафуле во светот“. Познато и како „Гуши Клиф Кофи“, кафулето се состои од правоаголни платформи прицврстени за карпата, кои служат како места за седење на гостите. Сепак, доаѓањето до шолја кафе е далеку од вообичаено.

Гостите најпрво мора да ја совладаат таканаречената „виа ферата“ патека, за што се потребни околу 30 минути, а потоа инструктори со помош на специјална опрема ги спуштаат со јаже до платформите.

Цената не е ниска


Кафулето е отворено во 2004 година, но неодамна стана вирално откако снимки од оваа импресивна локација почнаа да се шират на социјалните мрежи. Огромниот интерес на туристите го натера основачот на кафулето да нагласи дека се задолжителни претходни резервации, како и дека никој не може самостојно да се спушта до платформите.

Цената на кафето во овој необичен локал изнесува 398 јуани (околу 50 евра), што на прв поглед изгледа прилично многу, дури и за врвен пијалак.



Сепак, сопственикот објаснува дека во цената се вклучени задолжително осигурување, изнајмување опрема и услугите на инструкторите кои ги спуштаат гостите до платформите.

Дополнително, престојот на платформите не е временски ограничен. Кога еднаш ќе стигнете до вашето место на карпата, можете да останете колку што сакате.

Извор: Telegraf.rs 
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот