X
 06.04.2021 Живот

Прекрасна поларна светлина над вулкан што еруптира на Исланд

Кога вулканот Гелдингдадалур на Исланд избувна минатиот месец, фотографот Кристофер Метјус се обидел да направи фотографии од него. По неколку разочарувања, тој успеал да направи неверојатни фотографии од поларната светлина која танцувала над ерупцијата.

Уште откако на 19 март почнала ерупцијата на вулканот, Мејтус веднаш почнал со извидување на локациите.

- За жал, облаците ја расипаа поларната светлина тука. Беше вистинско разочарување - вели Метјус.

Но, на 24 март неговата упорност се исплатила.

- Небото се затемни, почна да вее снег, чистејќи го небото. Потоа се појави поларната светлина веднаш над еруптирачкиот вулкан. Беше волшебна глетка - вели Метјус.

Ерупцијата на вулканот е прва на полуостровот по 800 години и научниците сметаат дека може да трае неколку години.

 aurora
Фото: Christopher Mathews

Извор: Petapixel.com
Фото: Christopher Mathews
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот