X
 06.05.2022 Живот

Еве како ќе изгледа првиот хотел во вселената

Во иднина би можеле да се престојуваме во хотелска доба со поглед на нашиот Сончев Систем, доколку се реализираат плановите на вселенската компанија „Орбитал асембли“, која сака да изгради хотел во вселената.

Американската компанија планира да изгради повеќе модули кои ќе бидат меѓусебно поврзани во ротирачко тркало кое ќе кружи околу Земјата. Компанијата планира да лансира две вселенски станици со сместување за туристи. Станицата „Војаџер“ би нудела сместување за 400 луѓе и би се отворила до 2027 г. Станицата „Пајонир“, која би сместила 28 луѓе, би можела да почне да функционира за три години, пренесува Си-ен-ен.



Според компанијата, станиците ќе имаат и истражувачки простории и канцеларии, покрај хотелските соби. На станиците, на кои ќе има различни нивоа на гравитација во однос на локацијата, ќе може да се јаде и да се пие седејќи.

Нацртите покажуваат дека станиците ќе наликуваат на луксузните хотели што ги имаме на Земјата. Според компанијата, вселенскиот туризам нема да биде наменет само за милијардерите, туку ќе биде достапен за сите.

Извор: CNN
Насловна фотографија: Orbital assembly 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот