X
 06.06.2022 Живот

PROMETHEUS - Интернационален стартап-натпревар 2022

Во рамките на проектот PROMETHEUS (https://hei-prometheus.eu/), финансиран од страна на Европската Унија, како дел од ЕИТ-иницијативата за високообразовни институции каде што учествува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се организира PROMETHEUS Интернационален стартап-натпревар 2022.

Право на учество на натпреварот имаат студенти и истражувачки тимови, индивидуално или во тимови.
Предлозите за бизнис-идеи се поднесуваат во една од следните тематски области:

Дигитална трансформација Биоекономија
Циркуларна економија Климатски промени
Паметно (Smart) производство Одржлив развој
Заштита на животната средина

Детални информации за условите и наградите може да најдете на страницата на натпреварот:
https://hei-prometheus.eu/entrepreneurship-acceleration-platform/the-competition/



Важни датуми:
Краен рок за поднесување идеи на натпреварот (прва фаза) 31 јули 2022

Информации за PROMETHEUS натпреварот, мрежата и алатките на
2nd online #InformationDay, 8.6.2022, 16:00 – 18:00, Зоом линк https://lnkd.in/ebdJZqe7

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот