X
 12.12.2022 Образование

УКИМ падна 41 место на Рангирањето на универзитети според академски перформанси

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е единствениот македонски универзитет кој се најде на овогодишната ранг-листа на Рангирање на универзитети според академски перформанси. Ранг-листата ја составува Техничкиот универзитет на Блискиот Исток во Анкара, Турција.

УКИМ се најде на 1.709. место на ранг-листата од вкупно 3.000 универзитети. Тоа е пад од 41 место во споредба со минатата година, кога универзитетот се наоѓал на 1.668. место на ранг-листата.

Од универзитетите од регионот, Универзитетот во Белград се наоѓа на 290. место, Универзитетот во Загреб на 397. место, а Универзитетот во Љубљана на 400. место.

На прво место се најде универзитетот „Харвард“ во САД. Следуваат Универзитетот во Торонто, Канада, Универзитетски колеџ „Лондон“, Англија, Универзитет во Париз, Франција и Универзитетот во Оксфорд, Англија.

Извор: URAP
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование