X
 06.07.2025 Живот

Три секојдневни навики кои тивко ни ја трошат енергијата

Причините за согорување понекогаш може да се мали, секојдневни автоматски навики што предизвикуваат тивко да ја трошиме енергијта. На почетокот може да изгледаат безопасно, но можат да бидат прилично контрапродуктивни.

Нездравите навики може да бидат тешки за препознавање, особено кога тие се природен дел од нашето секојдневие. Исто така, не помага кога некои од овие навики можат да бидат одобрени од нашето опкружување или социјалниот круг, што лесно може да ги направи нормални или дури и неопходни.

Постојат три вообичаени навики кои можат да влијаат врз вашата енергија:

Расфрлано внимание

Со безброј известувања, список на одговорности и задачи и неколку отворени страници на компјутерот, можеме да забележиме дека никогаш не правиме една работа.

Можеби ќе се најдете во ситуација да преминете од една апликација, гледате нешто додека јадете, испраќате пораки додека се обидувате да разговарате со луѓето околу вас и други слични ситуации. Иако може да ни изгледа дека ова е продуктивно, истражувањето вели поинаку. Студија го испитувала развојот на мозокот во контекст на мултитаскинг. Истражувачите откриле дека луѓето кои интензивно се занимаваат со мултитаскинг, честопати го расфрлаат вниманието непотребно и покрај вербата дека тие се добри во мултитаскинг.

Значи, иако може да се чувствувате стимулирано да постигнете сè одеднаш, постои скриена цена за сето тоа. Постојаното префрлување помеѓу задачите може да влијае врз вашето внимание, што може да предизвика половично да ги вршите задачите, предизвикувајќи енергијата да се намали повеќе.

Посветувањето целосно внимание на една задача ќе ви помогне да ги подобрите перформансите и да ја зајакнете вашата способност да останете присутни во моментот.

Замор од тривијални избори и носење одлуки

Друга исцрпувачка навика што можеме несвесно да ја применуваме се безбројните микроодлуки што ги носиме во текот на денот. Во обид да го постигнеме најдобриот можен исход секој пат, честопати трошиме вредни ментални ресурси на релативно тривијални работи.

На пример, смислување што да носиме наутро, бесконечните опции за испорака на храна, или дури и трошејќи пет или повеќе минути на плејлистата што ќе ја слушаме додека работиме. Овие навидум мали избори можат да потрошат многу ментална енергија заедно, што може да биде резервирано за лични значајни задачи.

Студиите потврдуваат дека заморот во носењето одлуки ја намалува самоконтролата и когнитивниот капацитет. Ова објаснува зошто тривијалните избори можат ментално да нè исцрпат пред да се справиме со важни задачи.

Еден начин да се реши ова е да се одвои одредено време, на пример во недела навечер, за носење групирани одлуки одеднаш. На пример, испланирајте ја неделата, изберете оброци однапред или создадете тематски плејлисти однапред.

Со групирање на овие одлуки можете да го намалите бројот на избори со кои се соочувате подоцна и да ја зачувате менталната енергија за поважни или покреативни задачи.


Изведување на велнес-рутина

Многу луѓе медитираат, водат дневник или внимаваат на храна само затоа што тоа изгледа добро или за да завршат уште една ставка од нивната листа. Ова често се случува несвесно.

Не помага и кога на социјалните мрежи се покажуваат совршените велнес-навики на познатите, што го олеснува давањето приоритет во однос на автентичноста.

Ако грижата за себе се претвори во ваша рутина и создава поголем стрес наместо релаксација, можеби ќе бидете заробени во идејата да се справувате со велнес-рутините, отколку сите тие активности да ви одговараат.

Популарната култура на грижа за себе дополнително ја охрабрува идејата дека секогаш треба да направите нешто за себе, како што е пешачење, јога или медитација. Иако ова се позитивни навики, постојаниот притисок да се справувате со нив може да создаде непотребен притисок, што ве тера да се чувствувате како да не ги исполнувате очекувањата.

Важно е да се разбере дека она што изгледа како грижа за себе за еден човек, можеби не е исто за друг. Во ред е да го прескокнете часот по јога кога сте уморни или да направите пауза од одржувањето на дневникот ако не изгледа корисно во тој момент. Идејата не е да ја бркаме идеализираната рутина, туку вистински да ја поддржуваме нашата благосостојба.

Извор: eklinika.telegraf.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот